Филипче: Државата не може да им наложи на приватните болници да ги намалат цените

од Берта Китинска

20 проценти од граѓаните на веќе закажани термини не се јавуваат на пунктовите за вакцинација, соопшти денска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информираше дека околу 7 илјади вакцини од Спутник веќе се искористени во имунизацијата која се спроведува во салата Борис Трајковски.

На прашањето дали државата може да реагира за да се намалат цените во приватните клиники министерот истакна дека нема формално-правен механизам кој може да им наложи на приватните болници да ги намалат цените.

-Со директорите на три клиники веќе е разговарано.Доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од Систина јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат заради тоа што немале економска логика, изјави Филипче.

Слични содржини