Филипче: Двајца тестирани пациенти немаат коронавирус, се очекуваат резултати за лице кое пристигнало од Рим

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека пациентката со коранавирус на Инфективна се чуствува добро, има лесна клиничка слика, нема знаци за компликациии и се лекува во делот за изолација.

Двајцата пациенти коишто ги тестирале во текот на денот имале негативни резултати за коронавирус, станува збор за еден возач на товарно возило кој што дошол од Северна Италија и една наша сограѓанка која допатувала од Рим.

– Во овој момент се очекуваат тестовите на уште едно лице кое што дошло од Рим и кое што се јавило на Инфективна со знаци за грип. Тестовите ќе стигнат за час и половина по што ќе се информира јавноста, вели Филипче.

Надзорот, односно изолацијата, според него добро се спроведува во домовите на сите кои што биле сопатници на пациентката која што се лекува од коронавирус и контактите, односно луѓето со кои направиле контакт во претходниот ден.

– Тој надзор ќе се прави во следните 14 дена, а во следните денови ќе се идентификуваат и другите објекти од страна на центарот за управување со кризи, утре ќе се посетат за да се подготвиме со дополнителни капацитети долку треба да се смени изолацијата од домашна во некоја институција, посочи министерот.

Слични содржини