Филипче: Еднократна парична награда ќе добијат и медицинските работници од Министерството за одбрана

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук, соопшти дека покрај здравствените работници, еднократна парична награда ќе добијат и медицинските работници од Министерството за одбрана.

-Покрај здравствените работници, еднократна парична награда ќе добијат и медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на заболените од ковид-19 вирусот. Но, исто така еднократна парична награда ќе добијат и вработените од Специјалниот Завод за лица со попреченост во Демир Капија кои во грижата за штитениците во заводот неколку недели беа вон своите домови.

Горд сум на целиот медицински персонал, кој изминатиов период неуморно и целосно се вложи со надчовечки напори во спасувањето на човечки животи. Тие се нашите херои и ја заслужуваат поддршката и почитта која им е потребна. Знам дека сите сме уморни, ковид кризата трае цела година, но не смееме да се откажеме. Празниците сѐ пред нас, да продолжиме со почитување на мерките. Да не се групираме и да се грижиме за здравјето. Подобри денови ќе дојдат и повторно нормално ќе функционираме. Дотогаш: заштитна маска, физичка дистанца, негрупирање и често миење на рацете!, вели Филипче.

Слични содржини