Филипче го посети првото родено бебе во 2021 година (ФОТО)

од Берта Китинска

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово го посети првото родено бебе во 2021 година.

-Утрово го посетив првото родено бебе во 2021 година. 35 годишната Бојана, роди здраво машко дете тешко 3650 грама и долго 51 сантиметар. Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. 33 годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3350 грама, 51 сантиметар долго. Во 2 часот по полноќ се роди и женско бебе. На новородените бебиња им посакувам здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство, напиша Филипче.

Слични содржини