Филипче: Граѓаните да не размислуваат,сите вакцини се безбедни

од Берта Китинска

Mинистерот за здравство Венко Филипче по пристигнувањето на новите количини од кинеската вакцина „Синофарм“ имформираше дека, граѓаните ќе се вакцинираат според возраста и приоритетот на пријавување.

-Засега сите пунктови ќе работата. Очекуваме 500.000 вакцини од „Синовак“, 100.000 дози како донација од Кина кои ќе ги надополнат сега пристигнати Синофарм,  26.000 дози на Фајзер. Поради силниот бран во Индија има забран за извоз на вакцини, а дел од вакцините треба да пристигнат од институтот Серум од Индија, засега се следи состојбата. Сите се добри вакцини, граѓаните без да размислуваат може да се вакцинираат со вакцината која во тој момент ја има на вакциналните пунктови, изјави Филипче.

Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм”, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.

За во понеделник е најавено овие вакцини да бидат дистрибуирани и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид, согласно бројот на пријавени граѓани.

Слични содржини