Филипче: Граѓаните мора да се свесни дека мерките мора да се почитуваат

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во Само Вистина на Канал 5, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека огромен дел од предвидувањата за коронавирусот не се оствариле, но не само кај нас туку и во било која земја во Европа и во светот.

„Не се исполнија очекувањата за однесувањето на вирусот согласно карактеристиките кои се предвидуваа.
Очекувањата беа дека со раст на температурите вирусот ќе слабее но не е така, а за пример може да се земе Бразил каде темепературите постојано се високи, но има голем број на новозаразени“, посочи Филипче.

Филипче потенцираше дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува.
А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и открувањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот.
Точно знаеме кој пациент од каде е заразен и моментално имаме неколку мини кластери. Сега е јасно дека вирусот е присутен дека нема тукутака да го снема.“, соопшти Филипче.

-Имаме протоколи за се единствено нешто што дополнително е да се направи рестрикција во движење, ќе видиме дали ќе има таков ефект како на почетокот. За промена на сликата ќе треба да се чека вакцината, треба да се бориме со вирусот со превентивните мерки, маската, дистанца, миење раце.

Мерките мора да се спроведат, институциите кои тоа треба да го контролираат не ја вршеа работата мора поинтензивно да се работи на терен. МВР во изминатиот период мораше поинтензицно да работи на терен, се прекршуваа протоколите и мерките. Мора граѓаните да се свесни дека овие мерки мора да се почитуваат, да се почитуваат протоколите, во спротивно тоа е сериозно загрозување на здравјето на граѓаните, истакна Филипче.

Слични содржини