Филипче: Храброста на Јане беше инспирација да најдеме начин како да им помогнене на пациентите со ретки болести

од Берта Китинска

Малиот Јане Велковски и неговите родители денеска го изненадија министерот за здравство Венко Филипче и го посетија во неговиот кабинет.

-Денеска пријатно ме изненади посетата на Јане Велковски и неговите родители. Храброста и мотивирачкиот дух на Јане беа инспирација за нас да најдеме начин како да им се олесни животот на пациентите со ретки болести. За првпат во 2019 година беше даден и лекот Спинраза кај пациентите до 18 години со СМА тип 1 и 2. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане. На ова храбро момче му посакувам многу здравје, успех и среќа, напиша Филипче на Фејсбук.

Слични содржини