Филипче и индивидуално одговара за својата работа пред Собранието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

СДСМ си пукаше во слепоочница со реакцијата, тие ја имаат воспоставено  праксата за предлагање на вакви одлуки за која сега велат дека е неуставна, вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако СДСМ соопшти дека предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.

-СДСМ и Заев нека не бараат изговори, единствено што треба да направат е да ги разрешат Филипче и Хасани.
СДСМ треба да знаат дека член 68 од Уставот му дава овластување на Собранието со одлука да врши избори, именувања и разрешувања на носители на јавна функција утврдени со Устав и со закон. Венко Филипче е избран со одлука на Собранието, со одлука може и да биде разрешен. Според член 92 од Уставот кој вели дека Владата и секој нејзин член, за својата работа одговара пред Собранието, јасно е дека Венко Филипче и индивидуално одговара за својата работа пред Собранието. Член 93 од Уставот вели дека член на Влада има право да поднесе оставка, а разрешувањето по предлог од Претседател на Влада е сосема друга процедура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ, Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот.

-Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа, стои во партиското соопштение на владеачката партија.

Слични содржини