Филипче и Царовска потврдија: По ист терк продолжува и второто полугодие

Денес се оддржа состанок со претставниците на Сојузот на средношколци, на кој министрите за здравство, односно за образование и наука, Венко Филипче и Мила Царовска, уште еднаш потврдија дека второто полугодие продолжува по ист терк.

Како што информираа од Министерството за здравство, на состанокот се потенцирало дека и во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн. Исклучок од ова се учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

„Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат“, посочи Филипче.

Слични содржини