Филипче: Иле се чувствува добро по трансплантацијата

од Andreja Salpe

По трансплантацијата на срце од починатиот донор, Министерот за задравство Венко Филипче, се обрати на јавноста околу тоа како помина операцијата.

„Беше одлучено трансплантација да се изврши на младиот пациент Иле Стрезовски. Кај него срцето слабо пумпа, и единствен спас беше трансплантација. Тимовите кои работеа на трансплантација, беа предводени од д-р Сашко Јовев и д-р Жан Митрев. Младиот Иле е добар, се чувствува добро, сите параметри се добри, и се надевам дека успешно ќе закрепне. Да им честитам на сите членови на тимот кои работеа. Бубрезите ги добија уште еден 27-годишен и 40-годишен пациент, а во текот на идната недела ќе се прават трансплантација на коски и ткива на други пациенти“, рече Филипче.

Слични содржини