Филипче: Инкубацијата на пациентката е многу одамна помината и не претставувала опасност да ја пренесе болеста на луѓето со кои патувала

од Vladimir Zorba

„Сакам да повторам тоа што го кажуваме во целиот период дека нема простор за паника, пациентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно на нејзината состојба“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Епидемиолошките анализи, прашањата кои што и биле упатени укажале на тоа, според министерот, дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и на посета кај свои роднини, веќе две недели е болна и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа.

„Таму не е тестирана за вирусот Корона и практично непоредно после влегувањето во нашата земја директно се упатила на инфективната клиника во Скопје. Тоа ни дава за право да мислиме инкубацијата е многу одамна помината и таа во моментот на транспорт со луѓето со кои што се транспортирала не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, посочува Филипче

Слични содржини