Филипче: Исправени сме пред два избора, да ги почитуваме мерките или да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикциите

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче преку своето видео обраќање изјави дека пред нас има два избора за да се справиме со коронавирусот.

-Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање, вели Филипче.

Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се…

Публикувахте от Венко Филипче в Четвъртък, 28 май 2020 г.

 

Слични содржини