Филипче: Изборите може да се одржат, на есен би било поопасно

од Nikola Popovski

„Ако ги земеме избори дека се своевиден настан тогаш ќе може да се одржат. Ние го враќаме животот полека, ќе има спортски настани, музички настани… Сега сме во ситуација со најдобри мерки, нема училишта, нема отворени граници… на есен ќе имаме граѓани кои биле некаде, патувале, имале контакти и ќе биде поопасно. Па, на есен имаме опасност од сезонски грип и евентуално нов пик на короната“, изјави министерот Венко Филипче за отвореното студио на ТВ 24 на прашањето дали е подобро избори во јуни или на есен.

Според него, многу држави се спремаат за новиот бран од есен.

„Но, ќе кажам кога и да се организираат изборите нема да има вирус ако се почитуваат мерките. Одговорноста и свеста на граѓаните ќе го заштитат јавното здравје.“- дополни министерот.

Слични содржини