Филипче: Изготвени се два од седумте извештаи од стручните надзори

Денес министерот за здравство, Венко Филипче потенцираше дека од седумте стручни надзори кои се прават во Лекарската комора, готови се два. Од тие, еден се однесува на пациентката од Берово, Руменка Довчинска, која на средината на изминатиот месец почина на инфективното одделение во Кличкиот центар во Штип.

Филипче потенцира дека останатите извештаи ќе бидат презентирани во следниот период. Тоа вели, се истите колеги интернисти, гиниколози кои се оптоварени од работата со Ковид пациентите и на кои им е потребно повеќе време да ги изготват ваквите извештаи.

 

Слични содржини