Филипче: Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот.

„Ова е шестти познат случај во светот каде ковид-19 развил ваква клиничка слика – велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со ковид-19“, напиша тој.

Според пишувањата на некои медиуми, момчето било лекувано со терапија која била спроведена во консултација со болници од странство каде имале ваков случај,а на последниот преглед се покажало дека неговата состојба е одлична.

Денеска во болницата „8-септември“ се примени нови девет пациенти, десет пациенти оздравиле и си заминале, а починале двајца. На респиратор се четворица пациенти, а исто толку успешно го поминале процесот на одржување на респираторна машина.

Слични содржини