Филипче: Ќе биде потребен нов систем на реорганизација во градинките и училиштата

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на утринската програма на ТВ Сител изјави дека работната група од експерти од Комисијата за заразни болести и стопанските комори работат на тоа како ќе бидат организирани производствените капацитети и одредени мали бизнисни  по враќањето на животот во нормала.

-Рано е да се зборува за започнување на градинките и училиштата, бидејќи и тоа е еден систем кој бара реорганизација на работата, односно на бројот на ученицит во училиштата нивната распределба во училници како и за дечињата во занималните во градинките. Сега сме се уште фокусирани на очекување на максималниот број на пациенти. Тогаш кога оној фактор ќе падне под единица, бројот на пациенти ќе почне да се намалува ќе почнат и другите мерки, рече Филипче.

Слични содржини