Филипче: Ќе има доволно ПЦР тестови за административците што нема да сакаат да се вакцинираат

од Берта Китинска

Во интервју за ТВ Телма министерот за здравство Венко Филипче вели дека ќе им ги слушне аргументите на здравствените власти и синдикатите и од нив ќе бара помош за начинот на спроведување на мерките.

„Ќе има доволно ПЦР тестови за да се тестираат вработените во јавната администрација кои нема да сакаат да се вакцинираат, а ќе мора да прикажат негативен тест. Не сакаме да стигнеме до она што го најавува Австрија, целосно затворање. Земјите во регионот имаат полоша слика од нас, не е задоцнета оваа мерка“, рече министерот за здравство.

Слични содржини