Филипче: Ќе има карантински мерки во одредени општини ако бројот на заразени се зголеми

од Берта Китинска

Ќе порачам јасно дека ќе воведеме рестрикции на таргетирани места во согласност на бројот на заболени. Мерките ќе се спроведат доколку наредните денови се зголеми бројот на заразени, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој напомена дека дел од граѓаните на кои се вршеле анкетите не давале точни информации и нема соработка со здравствените работници.

-Бројките се единечна варијација, во предвид доаѓаат карантински мерки ако бројот се зголеми во одредени општини бројот на заболени. Во моментов Бутел, Чаир, Сарај и Аеродром се со најголем број заболени лица. Направена е и контрола во Тетово каде е утврдено дека мерките не се почитуваат, воедно и во Штип каде е исто утврдено дека на работното место исто правилата не се почитувале, соопшти Филипче.

Слични содржини