Филипче: Ќе се организираат свадби со музика

од Берта Китинска

„Ќе се организираат свадби со музика, бројот на лица по маса во сите угостителски објекти се зголемува на 6 лица. Секој кој што ќе има прослава ќе може да има музика во регуларно работно време“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Прославите ќе може да се организираат на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.

Во однос на тоа дека од една страна дозволено да се прави свадба, а од друга страна на сила ќе биде полицискиот час, рече дека неоходно е и натаму таа мерка да опстојува во периодот после полноќ како што е сега.

Слични содржини