Филипче: Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап

од Берта Китинска

Кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот, информираше денеска преку својот Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче кој беше дел од Форумот организиран од Евроатланскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-На форумот ја потенцирав важноста за учеството и организацијата на повеќе експертски системи и институции, светски и домашни, есенцијалната важност при взаемната соработка и размената на податоци како клучен фактор за справување со пандемијата. Научивме многу во однос на тоа и сега знаеме кои различни системи во различни сектори треба да ги подобриме во организациската поставеност и во однос на меѓусебната соработка. Она што го научивме за време на справувањето со кризата е важноста на комуникацијата и соработката со јавноста помеѓу институциите. Придонесот на СЗО во целиот овој процес со размена на информации, искуства и знаења од претходните пандемии и целосна поддршка во овој период и од страна на регионалниот директор Ханс Клуге, кој беше цело време на наше располагање, Светската банка која го обезбедуваше целиот овој период со заеми што помогнаа да се одговори на вирусот за потребите на здравствениот систем. НАТО, особено секторот за управување со кризи, без кој можам да кажам дека не би можеле веднаш да управуваме со кризата во врска со потребата од заштитни материјали, машини, дијагностика, опрема и инструменти кои беа многу потребни за лекување на пациентите во болниците, вели Филипче.

Слични содржини