Филипче: Многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше

од Берта Китинска

Многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, смета министерот за здравство Венко Филипче.

– Во однос на авиотранспортот, ова е многу легитимна дилема која сите ја имаат. Прво зависи од политиката што ќе ја водат авиокомпаниите, државите во однос на аеродромите. Како што се сега најавите, очигледно дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, па да има за кратко време пристап до аеродром, поминување на безбедносните процедури. Очигледно дека сега се најавите дека тие ќе траат повеќе време. Цела на состанокот во Атина е ова, рече денеска на прес-конференција Филипче, одговарајќи на новинарско прашување како во иднина ќе се одвива авиосообрќајот.

Министерот за здравство појасни дека уште поважен кај нас е копнениот сообраќај. Потсети на големиот број наши граѓани кои патуваат и големиот број странци кои транзитираат и се задржуваат во нашата земја, онаму каде што може да се застане или неколку дена поминуваат кај нас.

Сега во предвид доаѓа тестирање во важност неколку денови меѓутоа тоа не е гаранција. Се поставува прашањето кои резултати, , кои тестови и колку време треба да важат и што ако околните земји имаат друга политика. Верувам дека ќе биде добра координативна средба во Атина, за чии заклучоци ќе информирам веднаш по завршувањето, рече Филипче.

 

Слични содржини