Филипче му подари слика на Заев: По ваша заслуга здравствените работници ги направивме горди и почитувани луѓе

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на денешното доделување на благодарници за здравствените работници од Ковид-центрите му врачи подарок на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

-Сакам да ви врачам подарок за долго сеќавање и да се заблагодарам на поддршката која ја дадовте на здравствениот систем . Да се заблагодарам за она што не кажавте не за било која инвестиција во здравството и за тоа што успеавме по ваша заслуга здравствените работници од потценети и исмевани да ги направивме горди и почитувани луѓе во нашето општество, кажа Филипче.

Слични содржини