Филипче: На крајот од јуни голем дел од населението ќе биде вакцинирано

од Nikola Popovski

„Ние сме една од ретките земји во Европа, во која целосно се вакцинирале здравствените работници што работат со Ковид-19“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче за емисијата „200“.

Според него, тоа е голем успех и така била димензионирана нашата стратегија со пандемијата.

„Нашиот пристап беше навремен и одговорен во однос на вкупното менаџирање со кризата. На крајот од јуни очекувам голем дел од населението да биде вакцинирано и со тоа постепено враќање на животот во нормала“, потенцира министерот.

Слични содржини