Филипче на средба со Ѕуо: Разговаравме за испораката на вакцините од „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо.

„Денеска на мое барање остварив средба со н.е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во нашата држава. На средбата разговаравме за испораката на вакцините од производителот Синофарм, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов“, се вели во фејсбук објавата на министерот Филипче.

Слични содржини