Филипче најави прес-конференција за утре

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче утре ќе одржи прес-конференција во медија центарот на Владата.

Прес конференцијата, која е закажана за во 12 часот, ќе биде во врска со епидемиолошката состојба со Ковид-19.

На последната прес-конференција, која се одржа на 13-ти октомври, Филипче изјави дека не очекува во следниот период да има силен бран на Ковид-19, но оти состојбата постојано се следи и ќе се преземаат мерки согласно нејзиниот развој. Тој нагласи дека засега не се размислува за воведување задолжителна вакцинација, но оти ништо не е исклучено и се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.

– Не очекуваме силен бран, односно притисок во болниците, но сме спремни да се прифатат пациентите во кој било град, рече Филипче во одговор на новинарски прашања.

Слични содржини