Филипче: Најголемо зголемување од 40% во платите на лекарите специјалисти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Докторите специјалисти во изминатите две години добија зголемување на платите до 40% што е најголемо досега. Овие зголемувања се одвиваа во три наврати, рече министерот за здравство Венко Филипче при неговото гостување во емисијата Детектор на ТВ Сител.

“Со зголемување на платите континуирано инвестираме во човечки капитал. Вкупното зголемување на платите (основната плата и сумата за дежурства) од 2018 година заклучно со тоа што ќе следи во февруари 2020 година, за лекар специјалист е над 40%, исто толку е и за наставен кадар. За лекар специјалист само во февруари зголемувањето е 25%, за општите лекари 15%, а 10% за медицинските сестри. Кумулативно за Клиничкиот центар за минатата година зголемувањето е 23%. Тоа е инвестицијата во човечкиот капитал од 2 милијарди денари за 2 години, во основната плата и за дежурствата. Со зголемувањето на основната плата во три наврати досега, и зголемувањето на дежурствата е направена инвестиција во примањата од најголем обем досега, што е првпат да се случи во јавното здравство”, потенцираше министерот.

Покрај за платите министерот зборуваше и за укинувањето на квотите.

„Пациентите заслужуваат да имаат лесен пристап до лекови, а укинувањето на квотите за лекови на рецепт овозможи полесен и сигурен пристап до лекови. Со контролата во издавањето на лековите, се постигна намалување на потрошувачката на лекови дури и до 30% во некои региони. Во фармацевтскиот сектор се направија големи реформи, а новите квоти за лекови е една од нив, граѓаните имаат лекови во кој било ден од месецот, сите лекови се со сертификат”, истакна Филипче.

Слични содржини