Филипче: Намален е бројот на хоспитализации, но сепак подготвени сме со нови капацитети

Министерот за здравство, Венко Филипче, утринава информираше за епилогот од редовната координација заедно со директорите на Клиниките и ковид центрите во главниот град.
„Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен“, истакна Филипче.

Слични содржини