Филипче: Научници од целиот свет работеа деноноќно за да создадат вакцина во интерес на сите нас

од Nikola Popovski

Во изминатиот период се соочивме со пандемија која драстично го смени начинот на живот, а за која немавме вакцина. Пандемијата го забрза напредокот во медицината и ги обедини научниците од целиот свет да работат деноноќно да создадат вакцина во интерес на сите нас, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, напредокот во медицината е само потврда дека се произведоа неколку видови вакцини против Ковид 19.

-Вакцините ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност, ефикасни се и се единствениот начин за заштита од вирусот и создавање на колективен имунитет. Апелирам до сите граѓани да се вакцинираат, да ја шират информацијата за безбедноста и придобивките од вакцините, истакнува министерот.

Слични содржини