Филипче: Не ја исклучувам можноста КОВИД-19 да бил присутен и во месеците декември и јануари

од Nikola Popovski

Министерот Филипче на новинарско прашање одговори дека не ја исклучува можноста вирусот да бил присутен и многу порано во земјава, после случајот во Велес со починатата жена.

„Бидејќи зголемениот број на случаи од грип оваа сезона, не ја исклучувам можноста коронавирус да бил присутен и во месец јануари. Треба да се има во обзир и дека се повеќе имаме асимптоматски носители на вирусот“, смета Филипче.

Тој додаде и дека од следната недела ќе се започне со подготовки за денот кога нашите животи постепено ќе ги вратиме во нормален колосек, се со цел да не ни се случи повторен пик на новозаразени.

Во врска со заразениот новинар од Канал 5 ТВ, тројца негови колеги се во самоизолација и направени биле интервјуа со сите вработени кои што имале близок контакт со него. Исто така, министерот додаде и дека целата телевизиска куќа е дезинфицирана и исчистена.

 

Слични содржини