Филипче: Не мора да влезете во ресторан ако има гужва, не може државата за се да ви каже што да правите

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете се мерки кои треба да се почитуваат без разлика кој сој ќе дојде, додавајќи дека  не можеме да живееме затворени.

Ако е голема гужва во ресторан, Филипче посочи, не мора сите да влеземе таму, треба да знаеме низ што поминавме и треба да знаеме дека не може се да ни каже државата што да правиме, ние мора да функционираме, а во исто време да водиме сметка за сопственото здравје и тоа е еден многу битен сегмент што ќе остане да важи следните веројатно години колку што ќе трае пандемијата, а тоа никој не знае во овој момент.

Слични содржини