Филипче: Негативни се резултатите и кај возачот и кај двете лица кои избегаа од Штип

од Aleksandar Petrovski

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека по направените тестови негативни се резултатите на возачот на комбето кој ја превезувал жената која е заразена со коронавирус и виничанецот кој вчера вечерта избега од штипската болница со својата девојка, хрватска државјанка.

Сепак и двајцата остануваат во изолација додека не поминат 14 дена, периодот на инкубација, а за понатаму ќе одлучат лекарите. Пациентката која е пак заразена со корона вирус е во добра здравствена состојба, нема температура и Филипче очекува наскоро да се опорави.

 

Слични содржини