Филипче: Нема некој заболен кој ги почитувал мерките

од Берта Китинска

Маската како надополнување на мерката за одржувањето на дистанцата е доволно заштита, ова го истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче по средбата со здружението „Борка“.

„Прашање е вирусот колку долго може да издржи во воздухот, но сепак, маската  е доволна мерка за заштита“, изјави Филипче.

Тој напомена дека маската е одбранбен механизам против Ковид 19, и дека нема некој заболен кој ги почитувал мерките

„Ни на изборите нема да дозволиме било какво групирање на гласачките места. Свеста кај граѓаните е се поголема и очигледна“, изјави Филипче.

Слични содржини