Филипче: Нема нов случај на коронавирус во земјава, негативни се резултатите на пациентот од утрово

од Nikola Popovski

Министерот за здравство,  Венко Филипче, денеска одржа нова прес-конференција, во која изјави дека пациентот од утрово има негативни резултати.

„Претходната пациентка е во добра состојба, додека возачот на камионот од Струмица денес сигнализирал дека има кашлица и потешкотии со дишењето, по што ја контактирал нашата служба и ќе биде пренесен во болницата на понатамошни тестирања.“

Тој понатаму додаде дека се откажани престојните карневали во Струмица и Прилеп.

Слични содржини