Филипче: Нема разлика меѓу тестовите на приватните и државните клиники, постојат два типови на тестови

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче на новинарско прашање одговори дека мобилните тимови во Скопје, од утре ќе започнат со работа, со цел поддршка за постарите луѓе.

„Со мобилните тимови ќе се изврши тестирања на постарите лица, во домашни услови, согласно препораките. Очекуваме до крајот на неделата да се екипираат сите други пунктови со тимови, како поддршка на веќе отворените пунктови“, изјави Филипче.

Тој наведе и дека има пацинети кои не се свесни дека го прележале вирусот и дека тестот може да се земе во предвид само ако се имаат сите други околности.

„Не постои разлика меѓу тестовите на приватните клиники и државните. Има само разлика во типовите на тестовите. Во ИЈЗ и во останатите други клиники се прави тест кој го детектира вирусот и тоа со т.н. „писиар техника“. Кога ќе се направи тестот, се утврдува дали пациентот е носител на вирусот и дека може да ја пренесе болеста. Другата форма на тест се тестови со кои се детектираат антителата и тоа се прави само во болницата „Систина“. Со него се проверува дали пациентот го прележал вирусот“, соопшти Филипче.

Во врска со вчера починатиот пациент од Битола, тој изјави дека се уште се чекаат резултатите за да се утврди дали починал од коронавирус.

За состојбата во Куманово, Филипче вели дека ја следат будно ситуацијата и дека се свесни за барањата на општината за карантин, но не би можеле да судат или кажат во која насока може да оди детекцијата на нови случаи.

Министерот и додаде дека засега имаат доволен број на тестови.

 

Слични содржини