Филипче: Нов смртен случај од коронавирусот

од Nikola Popovski

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека во изминатото деноноќие имаме уште една почината пациентка.

„Се работи за 66-годишната пациентка од Дебар, која имаше хроничка терапија за хипертензија и подолго време беше на респираторна машина“, изјави министерот.

До 12 часот, се пријавени нови 29 позитивни на коронавирус, со што вкупната бројка на заразени се 177 лица, додаде Филипче.

„Од 29-те нови случаи, 5 се од случајот со Кожната клиника. Тоа се асимптоматски случаи, здравствени работници, кои ќе продолжат да бидат во домашна изолација“, изјави министерот.

 

Слични содржини