Филипче: Новата мутација на коронавирусот може да биде позаразна од сегашната

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги демантираше инфоормациите од пациенти дека не се закажуваат ургентни случаи за операција бидејќи медицинскиот кадар е на одмор.

„Во тек сум, тоа не е вистина. Целокупниот програм се одвива нормално. Итните случаи, заедно со малигните, не запреа ниту во вонредната ситуација лани. Точно е дека добар дел од лекарите ги користат старите заостанати годишни одмори. Лекарите и сестрите не беа повеќе од година дена на годишен одмор. Заеднички став и порака е да се користат старите одмори сега до крајот на јуни и во летните месеци. Организацијата е направена за воопшто да не трпи редовното изведување на интервенциите“, изјавил Филипче.

Тој додал дека новата мутација на коронавирусот може да биде позаразна од сегашната, но дека сите вакцини штитат од смртен исход или тешка форма на болеста.

„Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки“, додаде Филипче.

Слични содржини