Филипче: Новиот проточен цитометар ќе ја унапреди работата на Клиниката за хематологија

од Берта Китинска

На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата држава и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантаците на пациентите со малигни хематолошки болести. Изминатите четири години Клиниката за хематологија е комплетно реновирана според европските стандарди и услови за хоспитализација. За првпат во нашата држава се воведени сите услуги од палетата на трансплантација, несродната, полуидентична и детските трансплантации. Набавена е нова опрема за процесот на трансплантација, апарат за крипорезервација-смрзнување на матични хематопетски клетки, апарат за оделување на клеточни продукти-афереза, како и апарат за фотофереза, со кој се лекуваат најтешките пострансплатациони компликации.Од минатата година има и активно улога во прогностичката стратификација на тешките пациенти со КОВИД-19, се одредуваат во периферната крв Т клеточните субсетови кај овие пациенти.На персоналот на Клиниката лекарите и медицинските сестри им честитам за вложениот труд, ентузијазам, тимска работа и професионалност во извршување на секојдневните интервенции, работејќи со извонредно тешка и вулнерабилна група на пациенти, соопшти Филипче.

Слични содржини