Филипче: Новороденчето е на интезивна, ќе се земе брис за да се утврди дали е позитивно на Ковид19

од Берта Китинска

Во врска со родилката која од ГАК денеска беше префрлена на Инфективната клиника, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека таа била позитивна на вирусот.

-Родилката од Куманово која  била донесена на ГАК веднаш и било констатирано дека плодовата вода и е намалена и била породена во патеката за изолација бидејќи била сомнителна на коронавирусот, брисот од тестот е пристигнат на 31 и е позитивен.Родено е машко бебе недоносено кое е  на интезиван нега и на бебето ќе му се земе брис,  но во мал случаи има пренос на вирусот од мајка кон дете, изјави Филипче.

Слични содржини