Филипче очекува вакцината „Спутник V “ да пристигне во недела

од Берта Китинска

Руските вакцини според најавите ќе пристигнат во недела со специјален транспорт, изјаив министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Сител.

Тој спомена дека се надминати се сите проблеми со документацијата поради кои Кина го врати капарот за набавка на 200.000 дози од вакцината на Синофарм.

-Ние тоа го направивме со цел да ја забрзаме постапката. Отпосле не информираа дека се потребни на нивно барање, некои дополнителни документи и за наша сигурност се врати уплатата. Сега се расчисти административната процедура, сега разговараме за кога треба да пристигне таа кинеска вакцина. Тоа што со сигурност го знаеме е дека разговараме и за тоа зема обврска и кинеската страна дека целокупната количина ќе стигне веднаш. Но сега, навистина не знам, очекувам информација, рече Филипче.

Филипче смета дека ние ќе бидеме една од ретките земји каде ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите.

Слични содржини