Филипче од Атина: Изградивме мостови и трајни пријателства

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче го придружуваше поранешниот премиер Зоран Заев на партискиот конгрес на партијата СИРИЗА во Атина.

Конгресот го одбележа аплаузот и овациите за Заев по повод потпишувањето на Преспанскиот договор, со што се стави крај на повеќедеценискиот спор меѓу Северна Македонија и Грција, со што ѝ овозможи на земјава да стане членка на НАТО.

-Силен аплауз за Зоран Заев на конвенцијата на Сириза во Атина. Изградивме мостови и трајни пријателства, напиша Филипче на социјалните мрежи, објавувајќи видео од овациите.

На Конгресот се обрати лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас.

Слични содржини