Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Филипче од Крива Паланка: Донесовме навремени димензионирани мерки, избегнавме многу лоши сценарија

Филипче од Крива Паланка: Донесовме навремени димензионирани мерки, избегнавме многу лоши сценарија

„Сведоци сме како беше во Италија, колони на коли од брза помош не можеа да ги остават пациентите во болница, заради тоа што немаше место. Ние тоа го избегнавме, донесовме навремени димензионирани мерки, ги избегнавме многуте лоши сценарија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче од Крива Паланка.

„Го проценивме бројот на пациенти кои што можат да бидат дијагностицирани, ги најдовме кластерите, најдовме кој е причина за инфекција, масовно тестиравме, ги најдовме сите луѓе кои што треба да бидат во изолација и ги ставивме во изолација за да не ја шират инфекцијата. Една од првите земји во регионот заедно со Германија воведовме задолжително носење на маски…“, посочува тој.

Но најбитно во оваа борба, продолжува тој е што пред 2 години почнавме со инвестиција во кадарот, во здравствениот кадар, во лекарите и медицински сестри, а тоа се покажа како главен мотив за да овој здравствен систем стане оздржлив, додава Филипче.

loading...