Филипче: Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

од Берта Китинска

Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче по работниот состанок со директорите на ФЗО на РСМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети, Претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претставниците на Здружението на Медицинските Сестри, Техничари и Акушерки .

-Драго ми е што ова е еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници коишто навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид кризата. Со добра комуникација со синдикатите и здруженијата, продолжуваме и натаму да ги подобруваме условите за работа на сите здравствени работници, рече Филипче.

Слични содржини