Филипче: Осум лекари од приватните болници се вклучуваат во поддршка на колегите од јавните здравствени установи

од Берта Китинска

Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран. Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита. Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем.

Слични содржини