Филипче откри зошто имаме толку починати: Ниту една земја не регистрира смртни случаи на овој начин, 20 случаи ги утврдиме пост-мортем

од Nikola Popovski

„Лично сметам дека недоволно се казнува, институциите треба поинтезивно да работат на терен и да ги идентификува ваквите прекршоци и луѓето да сфатат дека тоа е сериозна закана“, смета министерот Венко Филипче за отвореното студио на ТВ 24.

Тој изјави дека авио-сообраќајот можно е да биде регулиран на начин со социјална дистанца, односно да не се седи веќе така густо како порано.

За Кавасаки синдромот, Филипче смета дека тоа е нешто што е наод кај мал број на деца.

„Не е докажано дека Кавасаки синдромот е во корелација со коронавирусот, а двете дечиња што имаа таков тип на болест ќе ги тестираме за антитела во наредниот период“, изјави тој и додаде дека после скринингот на вработените во градинките, ќе бидат отворени тие објекти.

Тој уште потврди дека вирусот нема да исчезне одеднаш и дека во Кина имаме втор пик.

„Во Словенија и Хрватска ќе се појават нови бранови во периодот кој што доаѓа. Ниту една земја не прави ваков начин на регистрирање на смртните случаи како ние. Над 20 случаи ги детектиравме со пост-мортем брис, односно после смртта и тоа е поради потребната во каква опасност е околината со која живеел. Крајно некоректно е да не се земе брис и да не се утврди тоа“, изјави Филипче на прашање за големата стапка на смртност кај нас во однос на регионот.

 

Слични содржини