Филипче: Почит за медицинските сестри кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук им го честиташе Светскиот ден на медицинските сестри и им заблагодарува за нивниот ангажман особено во периодот на борба со коронавирусот.

-Медицинските сестри се грижат за сите во светот. Во изминатиот период нивната работа беше уште потешка. Им благодариме за влогот и трудот кои го вложија. На Меѓународниот ден на медицинските сестри одаваме почит за сите кои застанаа во првите борбени редови против коронавирусот, напиша Филипче на Фејсбук.

Слични содржини