Филипче: Пратениците не може да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат

од Andreja Salpe

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот твитер профил истакна дека пратениците не може да бирааат со која вакцина ќе се вакцинираат, откако претходно лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, регираше дека пратениците се вакцинираат со „Спутник“, наспроти тоа што претходно најавена била нивна имунизација со „Фајзер“. Според него, причина за промена на вакцината се коментарите на социјалните мрежи дека пратениците се привилегирани оти ќе се вакцинираат со „Фајзер“.

„Пратениците не може да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат. Тие се вакцинираат на ист начин како сите и со достапните вакцини во моментот и согласно планот за имунизација. Очекувам тие преку личен пример да покажат доверба во сите вакцини кои се целосно безбедни и ефикасни”, напиша Филипче

Слични содржини