Филипче: Размислуваме за рестрикции за невакцинираните

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање дали ќе се воведат рестрикции, рече дека размислуваат за форма на рестрикција во есенските месеци кога имаме дополнителен број ризик фактори заради тоа што луѓето повеќе ќе бидат во затворени простории, ќе се вратат и од годишните одмори.

– Размислуваме за рестрикции по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории во смисла на тоа да се бара задолжителна потврда за вакцинација, а дотогаш ја следиме ситуацијата. Сигурно дека ќе воведеме некаква форма на рестрикција дури и во следниот период ако заклучиме дека за тоа има потреба и дека тоа може на некој начин да ја смири ситуацијата. Овие мерки ќе важат за тие кои не се вакцинирани. Има мерки кои веројатно ќе продолжат да важат и понатаму, тоа се маските во затворен простор, меѓутоа зошто да ги доведуваме во опасност сите. Точно е дека можат да се заразат и луѓе кои се вакцинирани, меѓутоа вакцината штити од тешка форма на болеста и сериозно го намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. Во следниот период од веројатно една година, можеби две, има секакви прогнози ќе живееме со вирусот. Тој ќе биде присутен. Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација, а тоа не значи дека ние ќе живееме и треба да живееме со рестрикции. Битно е граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, рече Филипче.

Слични содржини