Филипче: Разочаран сум од изјавата на Пендаровски, тој успеа да донесе нула вакцини

од Nikola Popovski

„Разочаран сум од изјавата на Пендаровски. Мислам дека не е соодветна во оваа ситуација кога буквално цел свет е во војна за вакцини. Сите ние правиме се што можеме. Не е соодветно некој од нас тука да се интересира само за своите потреби и туѓите обврски“, вели министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „Клик плус“, одговарајќи на што се должи оваа денешна „војна со зборови“ со претседателот Стево Пендаровски.

Министерот смета дека ако претседателот имал можности и контакти ќе можел да донесе некоја вакцина.

„Тој успеа да донесе нула вакцини, што уште еднаш докажува дека е тешко да се стигне до вакцини“, истакна Филипче.

Претседателот денес упати силна критика да не се повторат сликите од вакцинација на македонски граѓани како онаа од минатиот викенд во Србија, коментирајќи ги како „срам за државата“.

Слични содржини