Филипче: Разрешен е директорот на струшката болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамки на денешната прес конференција на која информираше за состојбата со Ковид 19, но и рестриктивните мерки, се осврна и на актуелниот случај со родилката во струшката болница, која остана при своето породување без три органи.

„Вчера донесов одлука за формирање на нова комисија, тоа е законска можност која ја има министерството за здравство.  Со оглед на барањата од семејствата, институциите како Хелсиншки комитет , одлучив да се формира нова комисија која ќе направи анализа на случувањата. Исто така, одлучив да се разреши директорот на струшката болница, а нов ќе биде назначен во текот на денешниот или утрешниот ден, додека во тек се сите останати активности“, истакна Филипче.

Слични содржини