Филипче: Родителите кои ќе сакаат да ги вакцинираат децата ќе мора да закажат термин

од Берта Китинска

Родителите кои ќе сакаат да ги вакцинираат децата ќе мора да закажат термин, на сајтот vakcinacija.mk, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози. Ако се јави 1 или 2 деца има голем ризик да се фрлат одреден број вијали. А, тоа не сакаме да се случи што значи дека родителите и старателите ќе може да ги регистрираат и од петок ќе започне апликацијата на вакцините“, кажа Филипче.

Слични содржини